Градежните фирми лани инвестирале 12,8 млд. денари

Bez autora
Jun 28 2011

Градежните фирми минатата година извршиле градежни работи во вредност од 12,8 милијарди денари. Најмногу граделе во Скопскиот, Пелагонискиот и во Источниот регион. Индивидуалните сопственици на објекти, пак, лани извршиле градежни работи во износ од 12,2 милијарди денари. Најмногу се градело во Полошкиот, потоа во Скопскиот и во Југозападниот регион. Во текот на 2010 година се градени 1.497 објекти и завршени се вкупно 871 стан со вкупна површина од 55.944 квадратни метри, од кои 617 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 64,2 квадратни метри. Според податоците на Државниот завод за статистика, лани како индивидуални инвестиции се граделе вкупно 4.526 објекти и се завршени вкупно 4.281 стан со вкупна површина од 386.698 квадратни метри, од кои што 142 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 10.898 квадрати.

Градежните фирми лани инвестирале 12,8 млд. денариГрадежните фирми минатата година извршиле градежни работи во вредност од 12,8 милијарди денари.

Најмногу граделе во Скопскиот, Пелагонискиот и во Источниот регион. Индивидуалните сопственици на објекти, пак, лани извршиле градежни работи во износ од 12,2 милијарди денари. Најмногу се градело во Полошкиот, потоа во Скопскиот и во Југозападниот регион.

Во текот на 2010 година се градени 1.497 објекти и завршени се вкупно 871 стан со вкупна површина од 55.944 квадратни метри, од кои 617 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 64,2 квадратни метри.

Според податоците на Државниот завод за статистика, лани како индивидуални инвестиции се граделе вкупно 4.526 објекти и се завршени вкупно 4.281 стан со вкупна површина од 386.698 квадратни метри, од кои што 142 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 10.898 квадрати. Просечната корисна површина на завршените станови е 90.3 квадрати.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik